По 2:0 победата на Португалија на гости кај Шведска, Кристијано Роналдо го прокоментира својот нов клупски колега од Јувентус, шведскиот репрезентативец Дејан Кулшевски.
По неколку денови тренинзи со своите репрезентации, Кулушевски и Роналдо се сретнаа во мечот од Лигата на нации во кој Роналдо постигна два фантастични гола за 2:0 победа. По крајот на мечот тој беше запрашан за Кулушевски.
„Ми се допаѓа, тој има голем потенцијал и веќе е одличен фудбалер. Се надевам дека ќе играме заедно долго и ќе постигнуваме голови“, вели Роналдо.
Кулушевски, кој претходно беше во центар на контроверзи откако не беше стартер за репрезентацијата за дуелот со Франција, беше презадоволен од комплиментите.
„Таквите работи те тераат да работиш понапорно. Кристијано е фудбалер од светска класа кој секој би го посакал за соиграч, вистински пример за следење. Имам среќа што ќе играм со него и имам што да научам“, изјави Кулушевски.
Juventus, per Kulusevski arriva l'investitura di Ronaldo: "Gran talento, ci aiuterà a vincere" https://t.co/hlRpTbX1uM
— Repubblica Sport (@SportRepubblica) September 9, 2020