Top Sport

Роналдо: Горд сум на 700 гол во кариерата (Видео)

Кристијано Роналдо во Киев го постигна 700 гол во кариерата. Португалија губеше од Украина 2-0, а Роналдо во 69 минута од пенал го постигна единствениот гол за својата репрезентацијата. Во кариерата Роналдо има постигнато 95 гола за националниот тим.

Португалецот се јави на социјалните мрежи со интересно видео во чест на големото достигнување. Во видеото се некои од за него најважните голови во неговата кариера.

„Горд сум што го постигнав 700 гол во кариерата и би сакал тоа да го споделам со сите оние што ми помогнале да дојдам до оваа бројка. Денес не остваривме резултат каков што сакавме но заедно ќе избориме пласман на Европското првенство“, напишал Роналдо на „Инстаграм“.

Scroll to Top