Кристијано Роналдо вели дека „задоволен“ од првиот хет-трик во 2020 година, но дека е многу поважно Јувентус да постават притисок на Интер со 4:0 победата над Каљари. ЦР7 беше ѕвезда на шоуто во Торино со три гола и асистенција за Гонзало Игуаин, остварени во второто полувреме.
Ова беше прв хет-трик на Роналдо во Серија А (и прв за Португалец), и втор за Јувентус, откако постигна три гола против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите.
„Најважно е тимот да победува. Игравме добро и креиравме многу шанси за голови. Задоволен сум од хет-трикот, но најважно беше да се победи и да се ’притиснат’ Интер. Стануваме подобри со секој следен натпревар, во одбраната и во нападот. Имаме комплетен тим и мораме да работиме заедно за титулата“, изјави Роналдо за „Скај спорт Италија“.
Хет-трикот на Роналдо го фрли во сенка дебито на Златан за Милан (кои пак не победија) (видео)