Летниот одмор за Кристијано Роналдо како да нема крај. По посетата на Грција, Роналдо, неговата партнерка Георгина Родригез и синот Кристијано Јуниор се наоѓаат во францускиот Сен Тропе на Азурниот брег.
Роналдо се пофали на Инстаграм со фотографија на која уживаат со Георгина во јакузи со кратко објаснување: „Моја љубов“.