Top Sport

Роналдо и го подари дресот на редарката која не сакајќи ја нокаутираше

Кристијано Роналдо постигна гол и на вториот меч по враќањето во Манчестер јунајтед. За разлика од дуелот со Њукасл, кога го предводеше тимот до победата, неговиот гол против Јанг Бојс, не беше доволен „црвените ѓаволи“ да го избегнат поразот.

Рпналдо уште пред почетокот на натпреварот беше во центарот на вниманието. На загревањето упати непрецизен шут кој заврши во гкавата на една редарка. Ударот бил толку силен што жената неколку секунди била во несвест.

Португалецот, веднаш притрчал да види како е не среќаната жена.

По мечот, решил да и се изивини. Тој и го подарил дресот со кој го одигра мечот против Јан Бојс.

Scroll to Top