Top Sport

Роналдо и Гризман ја бојкотираат „Златната топка“?

Италјанските медиуми тврдат дека Кристијано Роналдо и Антоан Гризман ќе ја бојкотираат церемонијата на која ќе биде доделена „Златната топка“ на „Франс фудбал“. Наводно овие двајца се незадоволни што наградата ќе ја добие Лука Модриќ.

Модриќ со Реал, оваа сезона ја освои Лигата на шампионите, а со Хрватска стигна до финалето на Светското првенство.

Претходно, Модриќ, ја доби наградата на ФИФА за играч на годината, а ист така УЕФА го прогласи за играч на сезоната во Лигата на шампионите.

Доколку победи во изборот Модриќ ќе биде првиот играч од просторите на поранешна Југославија и вториот од Балканот (по Христо Соичков во 1994 година), кој ја добил престижната фудбалска награда.

Нејасно е кој ќе биде зад Модриќ, а медиумите шпекулираат дека тоа ќе бидат Килијан Мбапе од ПСЖ и Рафаел Варан од Реал Мадрид.

Според италијанските медиуми шпекулираат дека Роналдо е лут. Тој никако не можел да се согласи со тоа дека Модриќ имал поголеми заслуги од него во освојувањето на титулата во Лигата на шампионите.

Незадволни биле и во Атлетико Мадрид на чело со Гризман. На „Ванда Метрополитано“ на „Ванда Метрополитано“ не можеле да се помират со фактот дека Гризман нема да биде меѓу најдобрите тројца иако со клубот ја освои Лига Европа, а со репрезентацијата стана светски првак и воедно беше прогласен за најдобар играч на финалето во Москва.

„Франс фудбал“ наградата „Златана топка“, ќе ја додели утре.

Scroll to Top