Top Sport

Роналдо: И Меси е виновен за поразот од Ливерпул

Лионел Меси мора да биде обвинуван за неуспесите на Барселона исто толку колку што е фален за нивните успеси, вели бразилската фудбалска легенда Роналдо.

Аргентинскиот фудбалер беше на нивото во првиот меч од полуфиналето на Лигата на шампионите против Ливерпул постигнувајќи два гола за 3:0 победа на „Ноу Камп“, но двомечот заврши со трагедија за Барса, откако тие загубија со 4:0 на „Енфилд“.

Меси беше меѓу фудбалерите кои не беа најдобри во поразот со кој втора година во низа Барселона е елиминирана од ЛШ по предност од три гола во првиот меч, откако лани загубија со 3:0 по 4:1 победата над Рома. Роналдо смета, дека ако Меси добива „лавовски дел“ од пофалбите, сега треба да ги подели и критиките.

„Не е фер да се покажува со прст кон виновниците за поразот. Гледам дека Барселона има голем тим и го има најдобриот фудбалер на светот, Лео Меси. Пред некој ден прочитав дека другите фудбалери го носат поразот за Барса, а Меси ги носи победите. Тоа е голема неправда кон сите фудбалери и кон тренерскиот тим. Критиките мораат да бидат внимателно давани“, вели Роналдо.

Роналдо верува дека Ливерпул целосно ја заслужиле победата.

„Тие имаа повеќе мотивација, интензитет и желба. Да, четвртиот гол Барселона направи грешка, но и дури да не беше даден, мислам дека ќе дојдеше подоцна на поинаков начин. Тоа беше партија на нивниот живот“, додава Роналдо.

Scroll to Top