Top Sport

Роналдо и Меси не смогнаа сили да бидат грациозни во поразот

Гала-вечерата во Лондон на која се доделија наградите за најдобрите фудбалери во изминатата сезона помина без двајца кои долго време доминираа на тие избори – Лионел Меси и Кристијано Роналдо, кои со отсуството сакаа да пратат порака. Само каква?

„Тие го дискредитираат фудбалот, и не го сфаќаат тоа“, ја пренесува изјавата на еден анонимен висок член на ФИФА шпанскиот весник „Марка“.

Со слично размислување беше и легендарниот италијански тренер Фабио Капело, кој нивното отстуство го посочи како „недостаток на почит“.

„Тоа покажува недостаток на почит кон фудбалот. Кога во Холивуд се доделуваат оскарите, сите номинирани се таму. Но, овие момци победуваа премногу и не сакаат да губат. Мораш да бидеш грациозен и кога губиш, исто како кога победуваш“, вели Капело за „Ел мундо депортиво“.

Претседателот на Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС), Давор Шукер, кој заврши зад Зинедин Зидан и Роналдо во изборот на ФИФА во 1998, вели дека треба да се однесуваш спортски.

„Мораш да си џентлмен и кога победуваш, а посебно кога губиш“, вели Хрватот.

 

Scroll to Top