Кристијано Роналдо од неодамна има нов „ѕвер“ во гаражата, Португалецот издвои 8 милиони евра и купи „Bugatti Centodieci”, автомобил од кој има само 10 примероци во светот.
Новиот „Бугати“ 100 километри на час развива за 2.4 секунди, а брзина од 200 километри на час постигнува за 6,1 секунди. Максималната брзина која може да ја развие е 380 km/h.
Роналдо во својот возен парк веќе има едно „Бугати“ и тоа она најскапото, “La Voatur Noara” за кое пред 2 години плати 16.5 милиони евра.