Top Sport

Роналдо: Имам уште многу години во елитата

Кристијано Роналдо во понеделникот го прослави својот 33. роденден, но тоа не значи дека Португалецот се подготвува за крај на својата кариера.

Ѕвездата на Реал Мадрид нема најдобра сезона, во која има само осум гола во 17 меча во Ла лига, од кои четири во последните два меча. Меѓутоа, Роналдо има девет гола во шест меча од Лигата на шампиони и вели дека може да го одржи високото ниво. Во интервју за „Џи кју“, Роналдо вели дека нема никакви проблеми.

„На лично ниво, имав две многу добри години во кои освојував титули со клубот и со националниот тим и мислам дека имам доволно сила да продолжам на највисоко ниво уште многу години“, вели Роналдо.

Сепак, тој признава дека мора да го менува животниот стил за да остане во добра форма.

„Животот е предизвик од сите страни, бидејќи за да бидам на физичкиот врв мора да работам напорно и да ја сфатам ситуацијата сериозно. Јас сум многу амбициозен човек. Луѓето треба да ги бркаат своите соништа. Јас го направив тоа и сега сакам да бидам подобар и да постигнувам уште повеќе голови. Не гледам наназад, сакам да се фокусирам на сегашноста“, додава Роналдо.

Scroll to Top