Top Sport

Роналдо: Интер и Реал за титулите, Бензема за „Златната топка“

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо смета дека неговите поранешни клубови Интер и Реал Мадрид се фаворити оваа сезона, „нераѕурите“ за скудетото, а „кралевите“ во Лигата на шампионите.

Во интервју со Алесандро дел Пјеро за „Скај спорт Италија“, Роналдо, кој сега е претседател на Валјадолид и Крузеиро признава дека би сакал да го повтори успехот на неговите поранешни претседатели Масимо Морати и Флорентино Перез.

„Како претседател, морам да ги правам важните работи во клубовите. Додека бев фудбалер имав многу големи мајстори, од Морати, кој ми беше како татко, до Флорентино Перез, кој направи револуција со ‘галактикосите’. Трката за титулата во Италија е многу добра оваа сезона, а мислам дека Интер играат многу подобро и дека пак ќе се шампиони. Реал Мадрид се фаворити во ЛШ, иако не се во одлична форма. Тоа е нивно натпреварување, а Анчелоти е еден од најдобрите тренери на светот. ‘Златната топка’ мора да отиде кај Бензема. Го кажував тоа долго време и ме критикуваа, но ова година сите видоа дека сум во право“, вели Роналдо.

Scroll to Top