Top Sport

Роналдо ја покажа новата машина од 400.000 евра!

Кристијано Роналдо го покажа својот нов автомобил во својата скапа колекција, откако на Инстаграм се пофали со „Ролс Ројс Калинан“ со кратка порака: „Работата е завршена“.

Автомобилот од 400.000 евра, според некои италијански медиуми, е купен уште додека тој беше фудбалер на Реал Мадрид и не доаѓа од платата од 30 милиони евра годишно која сега ја заработува во Јувентус.

Проценките велат дека Роналдо има околу 20 луксузни автомобили – „Бугати чајрон“, неколку модели на Ферари, Ламборгини, БМВ, Бентли и Астон Мартин.

 

View this post on Instagram

 

Trabalho feito ??

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

Scroll to Top