Top Sport

Роналдо Јуниор: Вака се прави тоа, тато (видео)

Кристијано Роналдо можеби уште нема гол за Јувентус, но неговиот деветгодишен син, Кристијано Јуниор дури четири пати ја затресе мрежата во дебито за У-9 тимот на „бјанконерите“.

Роналдо имаше 23 удари на гол во трите мечеви во Серија А досега, но уште нема постигнато гол, иако неколку пати беше блиску.

За разлика од него, Кристијано Јуниор во саботната 5:1 победа над Лученто во „пулчини“ категоријата, имаше четири гола!

Scroll to Top