Кристијано Роналдо објави дека во 2021 година ќе го отвори својот шести „член“ на хотелскиот ланец „ЦР7“, овојпат во француската престолнина Париз.
Во моментов, ѕвездата на Јувентус има два хотели „ЦР7“ – еден во Лисабон и еден во Фуншал, неговиот роден град и престолнина на островот Мадеира. Двата португалски хотели се отворени во 2016, а во 2020 ќе им се приклучат уште три хотели – Мадрид, Њујорк и Маракеч.
„Круна“ на ланецот ќе биде хотелот со 210 соби во Париз, кој ќе биде откриен на левиот брег на јужната страна на Сена. Инвестицијата од 60 милиони евра ќе биде 50-50 вложување на Роналдо и на португалската хотелска групација „Пестана“.
„Очекувам ’Пестана ЦР7’ брендот да има вистински центар во Париз, еден од најпосетуваните градови на светот“, изјави Роналдо во соопштението.