Кристијано Роналдо и Реал Мадрид се во центарот на вниманието на фудбалската јавност поради неубедливите игри и двата порази во рок од четири дена, од Џирона (2:1) во неделата и синоќа од Тотенхем (3:1).
Португалецот по поразот на „Вембли“ истакнал дека преголемо внимание е насочено кон неговиот придонес на теренот. Во тековната сезона Кристијано Роналдо има постигнато осум голови во сите натпреварувања, од нив само еден во домашниот шампионат.
„Не се возбудувам. Денес одиграв добро, но тоа не беше доволно. Важни се само головите, головите, головите. На сакам да говорам за својата статистика, одете на ‘Гугл’, напишете ‘головите на Кристијано Роналдо’, ќе ги најдете сите“, изјавил по мечот Португалецот.