Top Sport

„Роналдо мораше да ја добие наградата“

Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи, смета дека наградата на ФИФА за играч на годината требало да ја добие Кристијано Роналдо, а не Лионел Меси.

Роналдо ја пропушти церемонијата во Милано на која Меси ја доби наградата. Покрај нов двајца во конкуренција беше и Вирџил Ван Дајк од Ливерпул.

„Разочарани сме од одлуката. Го почитуваме Меси, голем е играч, но сметаме дека Роналдо ја заслужи наградата. Минатата сезона ја освои Лигата на нации со Португалија, односно Серија А и Суперкупот на Италија со нашиот клуб“, истакнал Паратичи.

Роналдо на крајот заврши на третото место со 36 поени, пред него беа ВанДајк со 38 и Меси со 46 поени.

Scroll to Top