Top Sport

Роналдо може да добие нова суспензија

Кристијано Роналдо може да добие уште една суспензија како „бонус“ по шокантниот пораз од Џирона во Каталонија за Реал Мадрид, откако се појави снимка во која тој со рака го удира дефанзивецот на противничкиот тим, Пере Понс.

Фрустрацијата од лошиот резултат, но и од повиците на навивачите на Џирона: „Меси, Меси!“, очигледно влијаеја на Португалецот, кој неодамна беше прогласен за најдобар фудбалер според ФИФА.

Роналдо отслужи суспензија од пет меча на почетокот на сезоната, поради што пропушти четири натпревари од Ла лига откако во Супер купот на Шпанија против Барселона го турна судијата на мечот.

Реал Мадрид сега заостанува осум поени зад Барселона во Ла лига, а Роналдо постигна само еден лигашки гол оваа сезона.

Реал падна во срцето на каталонската независност (Видео)

Scroll to Top