Top Sport

Роналдо на првиот меч во Саудиска Арабија ќе ја носи капитенската лента

Кристијано Роналдо во својот прв меч по преселбата во Ал-Наср ќе ја има капитенскта лента, откако како дел од „Ол-стар“ тимот на Саудиска Арабија (составен од играчите на Ал-Наср и Ал-Хилал) на 19 јануари во Ријад ќе игра во пријателски меч против Пари Сен-Жермен, предводен од неговиот вечен ривал, Лионел Меси.

Вистинското деби за Ал-Наср ќе се оддржи на 22 јануари на мечот против Ал-Итифак.

Тој ја доби капитенската лента од Турки Ал-Шеик, претседателот на Власта за забава (ГЕД) на Саудиска Арабија, државно тело задолжено за сите забавни организации во кралството.

Scroll to Top