Top Sport

Роналдо: Навистина му се восхитувам на Меси

Кристијано Роналдо и Лионел Меси ја обележаа последната деценија во фудбалот, поради тоа меѓу фудбалските фанови, фудбалерите и стручњаците е вечна темата за разговор кој од овие двајца е подобар.

До лани двајцата великани на фудбалската игра беа заштитен знак на шпанската Ла Лига. Од минатата сезона Кристијано Роналдо се пресели во Јувентус, а Меси остана во Барселона.

По долго време Португалецот повторно проговорил за Меси, тој истакнал дека Аргетнинецот имал влијание врз неговата кариера и дека се надева дека истото важи и за неговиот опонент.

„Навистина се восхитувам на неговата кариера. Тој веќе говореше за разочарувањето кое го доживеал кога јас заминав од Шпанија, бидејќи многу го ценел нашето ривалство. Беше тоа добро ривалство, но не и единствено. Мајкл Џордан имаше ривали во кошарката, ги имавте Аиртон Сена и Алан Прост во Формула 1. Заедничко е што сите тие беа здрави ривалства“, рекол Роналкдо.

„Без сомнение Меси направи да бидам подобра играч и обратно. Кога освојував трофеи сигурно го болело, така се чувствував јас кога тој победуваше. Никогаш не сме вечерале заедно, но не гледам причина зошто тоа не би се случило во иднина“, заклучил напаѓачот на Јувентус.

Scroll to Top