Top Sport

Роналдо не може да се врати во Торино, авионот му е приземјен во Мадрид?

Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо ќе има мака да се врати во Торино, бидејќи тој уште е на неговиот роден остров Мадеира во Португалија, а неговиот приватен авион е приземјен во Мадрид, тврди португалската ТВ-мрежа „ТВИ“.

Јувентус веќе ги повика фудбалерите кои ја напуштија Италија да се вратат во земјата, откако италијанската влада даде дозвола за враќање на тренинзи, а сите кои треба да пристигнат ќе мораат да одат во двонеделен карантин пред да се вратат во тренинг-центарот во Виново.

Според „ТВИ“, проблем е пристигнувањето на Роналдо во Италија, откако шпанските власти решија да ги приземјат сите приватни авиони поради корона вирусот. Според нивните извори авионот трипати побарал дозвола за полетување и трипати бил одбиен.

Од друга страна, италијанскиот весник „Ил месаџеро“ тврди дека авионот со кој ЦР7 ќе се врати во Италија веќе е пристигнат во Фуншал, главниот град на Мадеира и го чека полетувањето.

Scroll to Top