Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри изјави дека неверојатниот гол на Кристијано Роналдо против Емполи ќе биде покажуван на младите во клубот, но Португалецот признава дека не се сеќава многу на „ракетата“ со која обезбеди победа за „старата дама“.
33-годишниот Португалец постигна неверојатен гол од над 20 метри со „бомба“ удар, негов втор гол за 16 минути во тешката 2:1 победа, добивајќи пофалби дека станува клучен фудбалер за Јуве. Ова беше седми гол за Роналдо во Серија А, со што е на второто место на листата на стрелци зад деветте на феноменот на Џенова, Полјакот Кшиштоф Пјатек.
„Мислам дека добро одговоривме. На голот не се сеќавам најдобро и треба да го погледнам повторно. Се случи многу бргу, но знаев дека можам. Мислам дека беше убав“, вели Роналдо.
Погледнете и потсетете се и вие.
A Majestic Strike from Ronaldo to give Juve the decisive lead !!#Juve #EmpoliJuve pic.twitter.com/SaGbeO4e75
— S.M.Moiz (@ThatPakiLad) October 28, 2018