Кристијано Роналдо со својата девојка Георгина и синот, во понеделникот, во Лондон го гледаа тенискиот меч помеѓу Новак Ѓоковиќ и Џон Изнер.
Англиските медиуми откриле дека Роналдо и Георгина, најпрвин и приредиле роденденска забава на ќерката Алана Мартина, а по завршувањето на забавата, со пријателите го посетиле елитниот ресторан во Лондон „Scofts“.
Португалецот со пријателите, во ресторанот биле не повеќе од 15 минути, бидејќи немале резервација. Англичаните успеале да пресметаат колку пари потрошил Роналдо за толку кратко време.
Бидејќи немал резервација Роналдо и неговите пријатели седеле во барот, тој нарачал две флаши вино: Richebourg Grand Cru (цена 18.000 фунти) и Pomerol Petrus (цена 9.000 фунти).
„Роналдо беше расположен. Тој, Георгина и луѓето што беа со нив не се задржаа повеќе од 15 минут, немаа резервација, само седеа во барот. Секој се напи по една чаша вино, а потоа заминаа да гледаат тенис“, изјавиле некои од гостите што биле во ресторанот.
Според англиските медиуми, Португалецот и Георгина ноќта ја минале во еден од најдобрите хотели во Лондон (Knightbridge), каде платил 11.000 фунти.