Кристијано Роналдо секогаш се однесува со огромна почит кон своите поранешни клубови, така што не изненадува што во четвртокот најде време да ги посети момците од Спортинг Лисабон, кои играат меч од четврт-финалето на Лигата на Европа против Атлетико Мадрид.
Роналдо најде време за разговор со тренерот Жорге Жесус, како и со другите луѓе од клубот каде што прво го направи своето име.
„Видете кој не посети да ни даде екстра сила пред мечот попладнето. Кристијано!“, напишаа на Твитер од Спортинг.
Vejam só quem nos veio dar uma força extra para o jogo de logo… Leão @Cristiano! #FeitodeSporting pic.twitter.com/7geCTp9a1g
— Sporting Clube de Portugal (@Sporting_CP) April 5, 2018