Top Sport

Роналдо објаснува зошто сака да прославува гол!

Кристијано Роналдо честопати славел во последните години и напаѓачот на Реал Мадрид открива зошто честопати го соблекува дресот – неговата девојка Георгина Родригез смета дека тој е „згоден дечко“.

Со 450 голови во само 437 настапи за Реал Мадрид, 33-годишниот Португалец е познат по својата „си“ прослава, заедно со скокот и соблекувањето на дресот, и покрај опасноста да добие жолт картон.

„Зошто го правам тоа? Мојата девојка ми кажува дека сум згоден дечко. Исто така луѓето уште не запаметија како прославувам – тоа е ’сиии’, не е ’сууу’“, вели Роналдо во интервју за „Ел чирингуито де жугонес“.

Тој првпат прославуваше така во дуелот со Челси во август 2013 и вели дека не планира да престане со прославата.

„Истата работа е со косата. Луѓето ми велат: ’Зошто не ја скратиш косата, катастрофа ти е’. Искрено, можеби е така. Но, ова е мојата природна коса и ми дава среќа. Зошто да ја сечам сега? Работите остануваат исти“, вели Роналдо.


Scroll to Top