Top Sport

Роналдо оддаде почит за починатите од КОВИД-19, две ремија во Ла лига (видео)

Легендарниот Роналдо Назарио, во улога на сопственик на Валјадолид, постави цвеќина на трибините на „Хозе Зорилја“ пред дуелот на неговиот тим со Селта Виго, кој заврши без голови.

Со овој резултат, Валјадолид останува на 14 место во Ла лига со 33 поени, осум над зоната за испаѓање. Селта се на 17-тото место со 27 поени.

Еибар, пак, освои важен поен во борбата за опстанок во Ла лига, откако успеа да се врати во игра и да стигне до 2:2 реми со Атлетик Билбао, кои пак во вториот меч по рестартот повторно имаат реми.

Атлетик стигна во водство уште во осмата минута со гол од пенал на Раул Гарсија, но домаќините успеаја да израмнат во 19-тата минута преку Кике. Фабијан Орелјана во 78. минута донесе водство за Еибар, меѓутоа, Атлетик се врати со голот на Асиер Вилјалибре во 81. минута. Еибар се на 16. место во Ла лига со 28 поени, додека Атлетик се на 10. место со 39 поени.

ЛА ЛИГА, 29.КОЛО

Еибар – Атлетик Билбао 2:2

Валјадолид – Селта Виго 0:0

Scroll to Top