Top Sport

Роналдо останува во Португалија покрај неговата мајка

Јувентус продолжи со тренинзите денеска и покрај пандемијата на корона вирусот, но Кристијано Роналдо не беше со првиот тим, останувајќи во Мадеира, Португалија покрај неговата мајка, која неодамна имаше мозочен удар.

„Кристијано Роналдо не тренираше и останува во Мадеира чекајќи ги вестите за здравствената криза“, се вели во објавата на веб-сајтот на Јувентус.

Покрај ова, Португалија почна да ги забранува летовите од и до Италија, иако се чини дека е тешко да се спречи рапидното ширење на болеста. Повеќето клубови од Серија А ги прекинаа и тренинзите барем седум дена, но Јувентус продолжуваат со работа пред планираниот реванш од Лигата на шампионите против Лион по 1:0 поразот во првиот меч.

Иако засега одлуката е дека овој меч ќе се игра без публика, голем број на шпекулации во Италија тврдат дека тој најверојатно ќе биде откажан покрај дуелот Барселона-Наполи.

Scroll to Top