Навивачите на Реал Мадрид треба да бидат загрижени од формата на „Лос бланкос“ пред полуфиналето на ЛШ против Баерн Минхен, но и охрабрени што Кристијано Роналдо е во топ-форма.
Роналдо повторно го „спасуваше“ тимот на Зинедин Зидан, откако во 87. минута од мечот со Атлетико Билбао на „Сантијаго Бернабеу“ го пренасочи ударот на Лука Модриќ за да спаси 1:1 реми.
Баскијците претходно имаа предност од 1:0 откако Ињаки Вилијамс имаше одлична реакција по асистенцијата на Кордоба уште во 14. минута од мечот, по што сите напади на Реал беа без завршница, а самиот Роналдо имаше едно „убаво“ промашување.
Реал е на третото место во Ла лига со 68 поени, три помалку од второпласираниот Атлетико Мадрид (кој има и меч помалку). Билбао е само 13.
Фото: ЕПА