Top Sport

Роналдо подготвил тужба поради прилог за неговата девојка

Португалскиот фудбалер, Кристијано Роналдо, бил подготвен да го тужи „Медиасет“, поради серијата прилози што овој медиум ги обави за неговата девојка Герогина Родригез.

„Салваме“, емисија во која се озборуваат славните личности и која се емитува на каналот „Телечинко“, се појавил прилог во кој се тврди дека Георгина го напуштила семејството откако ја започнала врската со славниот фудбалер.

Новинарот, Сеџи Фере, во прилогот тврди дека Георгина ги оставила болниот татко и 82-годишната баба во шпанскиот град Лорка.

Кристијано Роналдо збеснал кога го видел прилогот и наводно веднаш ангажирал адвокати за да ги предупредат луѓето во „Медиасет“, дека ќе преземе правни дејствија доколку и понатаму шират невистини за неговата девојка.

Scroll to Top