Кристијано Роналдо неодамна го доживеа првиот пораз во финалните натпревар по пауза од шест и пол години и 12 победи. Лацио со победата над Јувентус 3.1 го освои италијанскиот Суперкуп.
Поразот не го поднесе добро, непристојно гестикулираше кон навивачите на Лацио, а медалот за второто место откако му беше доделен веднаш го извади и замина во соблекувалната. Не оста да покаже спортско достоинство и да ги поздрави противниците.
„Калчомеркато“ повикувајќи се на шпанскиот „Дефенса Централ“ пишува дека по поразот Роналдо им се жалел на своите пријатели дека нема со кого да игра во Јувентус и дека му недостигале некои од соиграчите во Реал (Рамос, Марсело, Крос, Модриќ, Бензема).
Португалецот истакнал дека единствен играч кој вредел во Јувентус бил Паоло Дибала.
Исто така тој се жалеле и дека луѓето од Јувентус лошо го работеле маркетингот. Роналдо сметал дека Јувентус малку се истакнувале во Европа и дека на тоа поле би требало да го следат примерот на Реал.