Кристијано Роналдо побарал им порачал на челните луѓе во Јувентус дека треба да го ангажираат српскиот репрезентативец од Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ (СМС). „Дон балон“ објави дека на оваа тема Роналдо разговарал со челиците на „старата дама“, Марота и Паратачи.
Според истиот извор, покрај што побарал да биде ангажиран СМС, препорачал клубот да го донесе и неговиот поранешен соиграч од Реал, Марсело.
Инаку, СМС има договор со Лацио до 2022 година, а покрај Јувентус интерес за него покажуваат уште Милан и Реал Мадрид.
Пред два дена таткото на СМС изјавил дека најдобро за неговиот син е да остане во Италија и да се пресели во Јувентус.
Сепак главниот проблем за сите заинтересирани клубови е обесштетувањето што го бара Лацио за овој талентиран фудбалер, а кое изнесува помеѓу 110 и 120 милиони евра.
Преодниот рок во Италија завршува на 17.август.