Фудбаалерот на Јувентус Кристијано Роналдо изјавил дека не знае кога ќе стави крај на кариерата но добро знае што ќе прави откако ќе се пензионира.
„Би сакал да му се вратам на учењето, да студирам. Сакам да учам, сакам да добијам одговор на многу прашање што ги имам. Исто така фасциниран сум од актерството. Би сакал да глумам во филм“, рекол Роналдо. Португалецот во февруари ќе наполни 35 години.
„Во оној момент кога моето тело нема да реагира на теренот онака како што сакам тогаш ќе престанам. Пред многу години играчите ја завршувале кариерата на 30 или 32 години, денес имаме играчи кои се активни и во 40 година“, дополнил Роналдо.
Кариерата Роналдо ја започнал во Спортинг, а потоа како играч на Манчестер Јунајтед и Реал стана еден од најдобрите на сите времиња.