Најдобриот светски фудбалер, Кристијано Роналдо, говорел за активностите кои го чекаат по завршувањето на кариерата и најавил дека ќе стане актер.
„Сакам да се пробам и на филм, како актер“, рекол Португалецот во интервју за „Скај Италија“.
Петкратниот освојувач на „Златната топка“ е сосптвеник на хотел, фитнес студио и промотор на спортскиот бренд „Најки“.
„Навистина е добро тоа што кога ќе престанам да играм фудбал ќе имам убав живот. Ова не го велам поради тоа што ќе имам многу пари, туку поради тоа што ќе можам да испробам некои нови работи“, дополнил напаѓачот на Реал Мадрид.
My new #CR7Fragrance one of my favourite presents to give my friends and family this Christmas! ? pic.twitter.com/2rAwJXQVCI
— Cristiano Ronaldo (@Cristiano) December 19, 2017
Иако нема во скоро време да ја заврпи кариерата 32-годишниот Португалец интензивно размислува со што ќе се занимава откако ќе замине во фудбалска пензија.
„Започнав да ја планирам својата иднина кога имав 27-28 години. Сакам да научам како се станува бизнисмен.
Кристијано Роналдо има договор со Реал до јуни 2021 година.