Top Sport

Роналдо: Салах може да ја освои Златната топка

Кристијано Роналдо и Лионел Меси изминатата деценија си ги делат најзначајните награди во фудбалскиот свет. Кога станува збор за сезоната што е зад нас, Роналдо смета дека Мохамед Салах, може да стави крај на владењето на „тандемот“ Роналдо-Меси и да ја освои „Златаната топка“.

Мо Салах, минатата сезона, постигна 44 гола за Ливерпул во сите натпреварувања, но поради повреда не можеше да му помогне на својот тим во финалето, во Лигата на шампионите.

Салах, поради повреда на рамото, финалето го заврши во 30.минута.

Исто така, напаѓачот на Ливерпул му помогна на Египет да избори пласма на Сп во Русија.

„Салах е откритие на сезоната. Се надеван дека повредата од Киев нема да го оддалечи од СП“, рекол Роналдо.

„Многу луѓе говорат за борбата помеѓу Меси и Роналдо, но има и други фудбалери што можат да се вклучат во борбата за „Златната топка“. Еден од нив е Салах“, дополнил најдобриот португалски фудбалер.

Португалија има тешка задача во првото коло на Светското првенство. Актуелните европски шампиони, в петок, ќе играат против Шпанија.

„Не е идеално, но тоа беше одредено со ждрепка. Мраме тоа да го прифатиме. Евентуален пораз може да не однесе во погрешна насока. Верувам дека на крајот Португалија и Шпанија ќе ја минат групата“, дополнил Кристијано Роналдо.

foto: EPA

Scroll to Top