Top Sport

Роналдо сам бараше да дојде во Јуве, вели спортскиот директор

Кристијано Роналдо самиот побарал трансфер во Јувентус додека клубот преговарал со неговиот агент Жорге Мендеш за трансферот на Жоао Кансело, вели спортскиот директор на „старата дама“, Фабио Паратичи.

Роналдо беше најголемото изненадување во летниот преоден рок, откако за 112 милиони замина по девет години во Реал Мадрид, а во саботата Мендеш изјави дека тоа било идеја на самиот фудбалер. Паратичи ја потврдува оваа верзија и покрај тоа што претходно се тврдеше дека Португалецот бил „истеран“ од Мадрид откако не успеа да потпише нов договор на крајот на 2017/18.

„Кога се сретнав со Мендеш за да разговараме за Кансело, тој ја започна приказната. Ми кажа: ’Нема да ви се верува, но Кристијано сака да дојде во Јуве’. Му одговорив дека ми се верува, но дека е тешко да се оствари таква цел“, вели Паратичи за „Скај Спорт Италија“.

Роналдо има блескав старт во Торино со 12 голови во сите натпреварувања за да ги предводи Јуве до осминафиналето во ЛШ и до убедливо прво место во Италија, но Паратичи вели дека малкумина верувале дека трансферот е можен.

„Најголемите фудбалери на светот помагаат децата да сонуваат. Мојот син сакаше дрес од Кристијано Роналдо и кога бев да го гледам мечот со Португалија му купив еден. Секоја година тој ме прашуваше: ’Тато, зошто не го купиме Кристијано?’ И одговорот беше дека е тоа е невозможно. Кога дојде во Торино, не знаев што да му кажам“, објаснува Паратичи.

Scroll to Top