Top Sport

Роналдо се врати, Португалија убедлива против Алжир (видео)

Кристијано Роналдо се врати во португалската репрезентација за тимот да се врати по 0:0 ремито со Египет со 3:0 победа над уште една африканска репрезентација, Алжир.

Роналдо по финалето од ЛШ реши да земе мала пауза за да се опорави од малата повреда на скочниот зглоб и на „Естадио да луж“ во Лисабон, ја предводеше Португалија до успешен тест пред Мундијалот.

Роналдо одигра 79. минути од мечот и асистираше при вториот гол на Фернандеш, додека два гола постигна напаѓачот на Валенсија, Гонсало Гуедеш. Португалија е во група со Шпанија, Мароко и Иран.

Scroll to Top