Светските медиуми веќе неколку дена објавуваат делови од интервјуто што новинарот Пирс Морган го направил со еден од најдобрите фудбалери во историјата, Кристијано Роналдо.
Португалецот одговара на секакви прашања на новинарот, фудбалски и не фудбалски. Познат по своето големо его, се наметнува впечатокот дека со ова интервју сака да им се наметне и на оние фанови на кои не им е омилен.
Роналдо во интервјуто плаче, се смее и не „заборава“ да го покаже егото. Самиот си го испофали голот што го постигна против Јувентус во 2017 година како еден од најубавите во историјата на фудбалот. Во тоа четврт-финале сите на стадионот во Торино му ракоплескаа на Португалецот, но заборава дека истата таа година во финалето неговиот тогашен соиграч Герет Бејл, во финалето против Ливерпул постигна речиси ист гол.
„Цела кариера се обидував да постигнам таков гол. За мене тоа е еден од најубавите голови во историјата на фудбалот. Ќе го мислев ова и доколку го постигнеше некој друг играч. Мислам дека со ножички никој досега не постигнал таков гол. Моментот беше посебен, целиот стадион ракоплескаше“, рекол Роналдо.
Новинарот Морган веднаш го прашал дали тоа што тогаш го чувствувал е подобро од секс?
„Од сексот? Не. Барем не од сексот со мојата Георгина, ха, ха“, одговорил Португалецот.
https://twitter.com/tia__africa/status/1174225920816832513