Top Sport

„Роналдо си мисли дека е Бог и дека може да прави што сака“

Кристијано Роналдо го навлече бесот на јавноста, поради потегот што го направи по завршувањето на натпреварот со Евертон. Манчестер јунајтед забележаа пораз на „Гудисон“ од 1:0, Роналдо фрустриран од поразот, додека одеше кон соблекувалната му го скрши телефонот на едно момче.

Поради овој потег англиската полиција отвори истрага. Ги прегледува снимките од безбедносните камери.

Португалецот се извини, го покани момчето да биде негов гостин на натпревар што ќе го игра Јунајтед, но и покрај се множат критиките во јавноста.

„Никогаш не ми се допаѓал како личност, тоа секогаш сум го кажувал. Мисли дека е Бог и дека може да прави што сака. Тој можеби е еден од најдобрите во историјата, но јас воопшто не го сакам. Сега можевте да видите зошто“, рекол поранешниот фудбалер на Ливерпул, Хосе Енрике.

Scroll to Top