Top Sport

Роналдо со наградат „Сер Мет Базби“ како најдобар играч на Јунајтед

Кристијано Роналдо ја доби наградата „Сер Мет Базби“, која се доделува на најдобриот играч на Манчестер јунајтед и во која гласаат навивачите на клубот.

Португалецот имаше импресивен камбек на „Олд Трафорд“ со 24 гола во сите натпреварувања, од кои 18 во Премиерлигата, но тоа не помогна „ѓаволите“ да имаат катастрофална сезона  со шесто место во Премиерлигата и најмал број на поени од 1992 година.

Роналдо, сепак, загуби во гласањето кое го правеа фудбалерите на Јунајтед, кои решија наградата за најдобар фудбалер да му ја доделат на голманот Давид де Хеа.

Scroll to Top