Top Sport

Роналдо: Со силата на Португалците ќе стигнеме на СП во Катар!

Најдобриот португалски фудбалер Кристијано Роналдо пред одлучувачкиот меч против Србија утре во Лисабон испрати порака на Инстаграм. Голгетерот на Манчестер Јунајтед објави дека Португалија сигурно оди на Светско првенство.

Пораката на Роналдо значи отпишување на Србија:

„Земјата и Португалците сакаме уште една сакаме да ги израдуваме и да одиме на СП. Со силата на сите Португалци ќе стигнеме таму! Сметаме на вашата поддршка. Во пресрет на Катар“ напиша Роналдо.


Мечот на одлука во кој на Португалија доволен и е и бод за прво место во групата А почнува утре во 20.45. Србите мораат да одат на триумф. Сега двете селекции имаат по 17 бода по 7 одиграни меча, но „орлите“ се со гол разлика 16:8, додека Португалците имаат ефект 16:4.

Scroll to Top