Top Sport

Роналдо веќе се збогуваше со Реал?

По освојувањето на 13-тата европска титула на Реал Мадрид, најмногу внимание предизвика изјавата на суперѕвездата Кристијано Роналдо, со која како тој да најави дека го одиграл последниот меч за „Лос бланкос“.

„Благодарам на сите фанови кои секогаш беа со нас, беше навистина прекрасно да се игра за Реал Мадрид. Ќе зборуваме за иднината во следните неколку дена. Уживав во овој момент со моите соиграчи, најважно е што влеговме во историјата“, изјави Роналдо за шпанските медиуми.

Капитенот Серхио Рамос кога беше запрашан за реакција, изјави дека ќе мора да се разјасни што точно Кристијано мислел.

Претходно постоеја шпекулации дека Манчестер јунајтед е подготвен да го врати својот поранешен играч, а доколку се реши за трансфер, Роналдо би можел да замине каде што сака, иако останува да се види кој може да ја дозволи неговата плата.

Ова беше петта титула во Лигата на шампионите на неверојатниот Португалец.

Scroll to Top