Top Sport

Роналдо во одбрана на синот: Тој ќе носи тоа што сака тој, а не вие

Кристијано Роналдо повторно е активен на социјалните мрежи, откако прво влезе во „дискусија“ со поранешниот соиграч Вејн Руни одговарајќи на неговите критики, за сега да застане во одбрана на изборот на облека на неговиот најголем син, Кристијано Јуниор.

Мајката на Роналдо, Марија Долорес на Инстаграм објави фотографија со својот внук, на која тој носеше облека на „Адидас“ и „Најк“, по што повеќе коментари го потенцираа ова мешање на брендовите, бидејќи Ронало има огромен спонзорски договор со „Најк“.

„Тој ќе носи тоа што сака. Не тоа што вие сакате“, напиша Роналдо во одговор на коментарите.

Роналдо има договор со „Најк“ од 2003 година, кога го направи трансферот од Спортинг Лисабон во Манчестер јунајтед, а последен пат го обнови во 2016 година, кога се веруваше дека се работи за доживотен договор вреден 1 милијарда долари.

Scroll to Top