Top Sport

Роналдо: Време е Бразил пак да е светски шампион

Паузата на Бразил од 16 години без светска титула мора да заврши ова лето, вели поранешната прва ѕвезда на „селесао“, Роналдо Назарио да Лима.

Роналдо беше херој на финалето во 2002 година во Јужна Кореја и Јапонија, кога ја освои титулата по срцепарателниот пораз во финалето во 1998 година од Франција. Сега, тој вели дека е време сегашната репрезентација да го запечати своето место во историјата.

„Време е повторно Бразил да биде светски шампион. Кои се другите фаворити? Германците секогаш се силни, а и Шпанците не се лошу. Аргентина и Франција може да направат проблеми“, вели Роналдо во Москва.

Тој беше запрашан за можноста бразилскиот селектор Тите по Мундијалот да стане тренер на неговиот поранешен клуб Реал Мадрид по заминувањето на неговиот поранешен соиграч Зинедин Зидан.

„Не знам што ќе се случи, но се надевам дека во репрезентацијата се фокусирани на тоа да си заминеме дома со трофеј. Луѓето секогаш сакаат да зборуваат многу. Пред вака големо натпреварување, тоа треба да се стави на страна и да се мисли само на турнирот“, вели Роналдо.

Фото: ЕПА

Scroll to Top