Top Sport

Роналдо заработува три пати повеќе од целиот тим на Фросиноне

Екипата на Јувентус, утре, во рамките на петтото коло во Серија А, ќе гостува кај Фросиноне, екипа која е најсериозен кандидат за испаѓање од лигата и која во првите четири кола има освоено само еден бод.

Секој резултат на овој дуел, сем победа на Јувентус ќе биде вистинска сензација. Разликата во квалитетот и во финансиите меѓу двата клуба е огромна.

Италијанските медиуми пресметале дека Кристијано Роналдо неделно заработува 646.000 евра, додека најплатениот играч на Фросиноне, Џо Кемпбел, има годишна плата од 850.000 евра.

Според овие пресметки, Португалецот има три пати поголема плата од целиот тим на Фросиноне.

Годишно, Роналдо од Јувентус ќе добива околу 31 милиои евра, додека Фросиноне, за целиот тим, на годишно ниво, за плати издвојува 11 милиони евра.

Scroll to Top