Top Sport

Рор ќе остане селектор на Нигерија

Селекторот на Нигерија Гернот Рор ќе потпише нов договор соопшти Фудбалскиот сојуз на оваа земја.

Рор (61) би требало да остане на функцијата до завршувањето на Светското првенство во Катар во 2022 година.

Рор седна на клупата на Нигерија во 2016 година со „Супер Орлите“ заврши на третото место на Африканскиот Куп и се пласираше на Светското првенство во Русија, каде Нигерија не успеа да ја мине групата во која беа Хрватска, Аргентина и Исланд.

Селекторот ќе има месечна плата од 45.000 долари.

Scroll to Top