Top Sport

Роуз е разочаран: Ни туристички нема да одам во Црна Гора

Левиот бек на Тотенехем и англиската репрезентација, Дени Роуз е разочаран од казната што УЕФА ја одредија за Фудбалскиот сојуз на Црна Гора, а која е поврзана со расистичките навреди на квалификацискиот натпревар помеѓу двете селекции одигран во Подгорица,

УЕФА реши Црна Гора наредниот меч во квалификациите, на домашен терен да го одигра без присуство на публика.

Казната за Црногорците е смешна, но не сум изненаден. Срамно е што се случуваат вакви работи, сепак мора да гледаме кон иднината. Шокиран сум од малата казна. За жал не можеме да сториме ништо повеќе. Единственото нешто што можам да го направам е повеќе никогаш да не одам таму“, рекол Роуз и дополнил дека чувствувал дека казната ќе биде смешна.

„Па јас повеќе пари трошам во Лондон на едно излегување, него што изнесуваат нивните казни“.

Scroll to Top