Top Sport

Руди Гарсија фаворит да го замени Шевченко во Џенова

Андриј Шевченко е блиску до отказ од Џенова по само два месеци на клупата, откако италијанските медиуми тврдат дека клубот веќе контактирал со поранешниот тренер на Рома, Руди Гарсија.

Се верува дека последниот меч на Шевченко на клупата на „Грифоне“ ќе биде осминафиналето од Копа Италија против неговиот стар клуб Милан на „Сан Сиро“, бидејќи откако го замени Давиде Балардини на 7 ноември, има само 1 победа, 3 ремија и дури 6 порази во сите натпреварувања. Посебно болен беше 0:1 поразот од Специја, уште еден клуб кој се бори за опстанок.

Според „Тутомеркато“, Гарсија, кој е слободен откако си замина од Лион во мај 2021 година, веќе бил контактиран од страна на новите американски газди на клубот „77 Партнерс“. Гарсија беше тренер на Рома од 2013 до 2016 година.

Scroll to Top