Поранешниот тренер на Рома и на Марсеј, Руди Гарсија ќе го преземе водењето на францускиот прволигаш Лион, потврди учесникот во Лигата на шампионите.
55-годишниот Гарсија добива договор до 2021 година и го заменува Бразилецот Силвињо, кој беше отпуштен минатата недела откако неговиот тим не успеа да победи во француската лига по почетните две победи на стартот на сезоната.
Во 2011 година, Гарсија беше прогласен за најдобриот тренер во француската Лига 1, откако го предводеше Лил до двојната титула, по што ја предводеше Рома до второ место во Серија А во 2014 година. Во 2016 тој го презеде Марсеј, но си замина на крајот на сезоната, откако ги однесе до финалето на Лига Европа во 2018.
Лион се на 14. место во Лига 1 со 9 поени по 9 натпревари, а Гарсија ќе дебитира во лигата во сабота против еден негов поранешен клуб, Дижон.
We can announce that Rudi Garcia has been appointed the new coach of #TeamOL. pic.twitter.com/1ZbjqH7x5K
— OL English ?? (@OL_English) October 14, 2019