Менаџерот на Вулверхемтпон, Нуно Еспирито Санто, информирал дека голманот Руи Патрисио се чувствувал добро, по повредата која ја доби во 90.минута на натпреварот со Ливерпул.
Португалецот доби удар во главата од соиграчот Коуди, долго време му се укажуваше лекарска помош, поради што натпреварот беше продолжен за дури 18 минути.
„Се е во ред со Руи Патрисио. Се сеќава на се што се случи. Проценките се позитивни, ќе биде во ред. Доживеа потрес на мозокот. Тоа секогаш е загрижувачки. Важно е дека се во ред, Патрисио е во добри раце“, рекол менаџерот на Вулверхемптон.