Првиот човек на Баерн Минхен Карл-Хајнц Румениге ги демантирал наводите дека Томас Милер во јануари ќе го напуштел клубот.
Германските медиуми минатата недела пишуваа дека 30 годишникот бил незадоволен од статусот што го има кај Нико Ковач и дека побарал трансфер.
„Не можам да замислам дека Милер ќе замине“, рекол Румениге.
„Врската помеѓу Томас и Баерн е многу силна, тој е важен дел од тимот. Ќе бевме загрижени доколку е среќен што седи на клупата. Од него добивме реакција каква што очекувавме“, заклучил Румениге.
Томас Милер е играч на Баерн од 2008 година.