Top Sport

Румениге: Ова е црн ден за фудбалот!

Директор на Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге по скандалот кој попладнево го приредија навивачите на баварскиот тим на гостувањето кај Хофенхајм, по навредите упатени на сметка на газдата на домашната екипа, Дитмар Хоп рече дека се срами.

Иако Баерн со убедливи 6-0 славеше во Хофенхајм, навивачите на баварскиот клуб извадија транспарент со навредлива содржина наменет за Хоп. Тие навредливо скандираа, а судијата двапати го прекинуваше мечот.

Мечот се доигра и тоа со неверојатни сцени, фудбалерите 15 минути си ја подаваа топката.


Поради скандалот, Румениге најави остри санкции.

„Од срам пропаднав во земја. Ова е момент кога сите во германскиот фудбал треба да се обединиме и заедно да му се спротивставиме на овој хаос. Ова е грдата страна на фудбалот. Жал ми е за Дитмар Хоп, се работи за фин човек, за чесен човек кој помага за доброто на фудбалот, но и на сите други спортови во овој регион. Му се извинив, но нема изговор за она што се случи на трибините. Прикажаваме одлична игра, требаше да има славје, на крајот испадна црн ден за фудбалот“ – рече Румениге.
https://youtube.com/watch?v=4QTDHi9QnUA

Scroll to Top